Поврзете се со нас

Англија

Артета: Не ни беа досудени два скандалозни пенали! (Видео)

Објавено

на

Арсенал беше сопрен изминатава вечер од упорниот Њукасл на „Емирејтс“ и дерби натпреварот заврши со резултат 0:0, од кој на крајот далеку понезадоволни беа домашните фудбалери и навивачи.

Посебно лут во самата завршница беше Микел Артета кој жестоко протестираше кај четвртиот судија, пред се поради фактот што играч на Њукасл играше во рака во сопствениот шеснаесетник по центаршутот на Гранит Џака.

Шпанскиот стручњак по крајот од натпреварот посочи дека ова не била единствената ситуација во која неговиот тим бил оштетен, бидејќи претходно според него чист пенал направил и Брн со влечењето на Габриел.

– Навистина сум горд, начинот на кој игравме, начинот на кој доминиравме во играта. Ни недостигаше таа искра во последната третина за да го најдеме отворот, да го најдеме вистинскиот момент и со дополнително додавање да ја завршиме работата.

– Имавме многу ситуации околу шеснаесетникот, но имаше и две скандалозни одлуки. Два скандалозни пенали. Не мислам само на последниот, двата беа пенали. Има ситуации кога има пенал и кога нема, овде и двата беа пенали, – изјави Артета.

Првата ситуација за која зборува Артета погледнета ја на овој ЛИНК, а втората на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни