Поврзете се со нас

Свет

Анри му призна на Малдини: Ова никогаш не сум го кажал, ама се плашев од тебе (ВИДЕО)

Објавено

на

Тјери Анри и Паоло Малдини се две големи имиња на светскиот фудбал, асови кои одбележаа една ера во овој спорт со тоа што двајцата играа на различни позиции.

Анри беше напаѓач, играше во офанзивата, додека пак Паоло беше врвен одбранбен играч, еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Овие двајца имаа можност да разменат неколку зборови, речени пред дуелот меѓу Милан и Интер во Лигата на шампионите, па популарниот Тити ја искористи оваа можност да признае дека на времето имал страв од Италијанецот.

-Она што сакам да ви го кажам е многу важно, никогаш немав можност да го кажам. Игравме еден против друг во 1998 година, не зборам за мечот затоа што тоа не е важно бидејќи имам премногу почит кон тебе за тоа. Кога сфатив дека влегувам и ќе играм ан десната страна, одеднаш се уплашив поради тоа што го претставуваше. Одбранбен играч како тебе, ти си поим за тоа што е дефанзивец. Само сакав да ги кажам дека ме плашеше, -истакна Анри на што одговор имаше и Малдини.

-Ти благодарам. Морам да ти кажам дека и јас не бев среќен кога видов дека играш на мојата страна. И двајцата бевме исплашени, порача Паоло што говори каква меѓусебна почит имаат овие легенди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни