Поврзете се со нас

Европски првенства

Англиските фанови признаваат: Мегваер е опасен за нас, Македонците беа ограбени за пенал (Видео)

Објавено

на

Македонија поведе против Англија откако Енис Барди погоди од втора по досудениот пенал за нашата репрезентација, а фудбалската јавност е убедена дека гостите претходно добија подарок од судиите, со тоа што не беше досуден пенал по стартот на Хари Мегваер над Елиф Елмас.

Мегваер во 23. минута направи голема грешка и му ја додаде топката на Миовски, а овој несебично го проигра Елмас, па нашиот репрезентативец влезе во шеснаесетникот во обид да го загрози голот на Пикфорд.

Елмас беше оттурнат од Мегваер, но словачкиот судија Глова не покажа на белата точка и покрај протестите на нашите репрезентативци и гласната публика во Скопје.

Неутралните, но и англиските фанови преку социјалните мрежи јасно потенцираат дека Англија добила подарок од судиите, не штедејќи ги критиките на сметка на Мегваер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни