Поврзете се со нас

Англија

Англиската асоцијација на новинари го избра најдобриот фудбалер во Премиер лигата за сезоната што измина

Објавено

на

Асоцијацијата на професионални фудбалски новинари во Англија го избра најдобриот фудбалер во Премиер лигата за сезоната што измина.

Во годината во која Ливерпул за прв пат по 30 години дојде до титулата во шампионатот логично беше ваквото признание да замине во рацете на играч од овој тим.

За играч на сезоната беше избран капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон кој во трката за ова признание победи неколку ривали од противничките тимови.

Во конкуренција беа Кевин Де Брајн од Манчестер Сити, Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и Вирџил Ван Дајк и Садио Мане кои се негови соиграчи.

– Многу сум благодарен што гласаа за мене и што Асоцијацијата ме цени. Кога ќе погледнам кој ја освојувал оваа награда, играчи како Џерард, Суарез, Салах, разбирам колку сум почитуван, -изјави 30 годишниот фудбалер од средниот ред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни