Поврзете се со нас

Светски првенства

Ангеловски: Утре Романија ни е противник, но од Романците бараме едно нешто на ЕП

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација оваа вечер го одработи тренингот во Букурешт, стадион кој ќе биде наш домаќин на Европското првенство на кое ќе испишеме историја во месец јуни.

Судбината посака македонските фудбалери да имаат свое загревање на стадионот на кој ќе одиграат два натпревари на Европското првенство, бидејќи утре против домашната Романија ќе го отворат квалификацискиот циклус за Светското првенство кое е на програмата наредната година. Селекторот Игор Ангеловски како голем џентлмен му посака брзо опоравување на противничкиот тренер кој е позитивен на Ковид – 19, но истовремено нагласи дека бара максимум од своите фудбалери, без оглед на тоа што сме некомплетни.

– Пред се, сакам да му испратам најискрени желби за брзо опоравување од вирусот на мојот колега од романската репрезентација. Ова се времиња кога мора да бидеме солидарни еден со друг и посакувам утре селекторот Радои да има негативен тест и да ја предводи својата репрезентација. Ние имаме одредени проблеми со повредени фудбалери, но за Македонија е најважно да функционираме како тим. Јас како селектор посакувам да ги имам најдобрите, но и во вакви околности ќе се обидеме да го извадиме максимумот од фудбалерите.

– Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре на теренот.

– Доаѓаме во една пријателска земја, носиме и емоции затоа што Букурешт ќе биде наш дом и на Европското првенство, па затоа верувам дека тоа ќе ни биде добар мотив за квалитетен натпревар. Утре со Романија ќе бидеме противници на терен, но Букурешт како наш дом за Европското првенство посакувам да ни ја даде сета поддршка во јуни. Посакувам како наш пријателски народ, Романците да ни дадат безрезервна поддршка на ЕП. Сега сме фокусирани на утрешниот дуел и желбата позитивно да ги стартуваме новите квалификации, – изјави Игор Ангеловски на прес конференцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни