Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Во една област немам слобода на изразување

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид денеска игра против Брага во Лигата на шампионите и тоа ќе биде последна подготовка за она што следи претстојниот викенд, односно големото „Ел Класико“ дерби против Барселона.

Карло Анчелоти на официјалниот прес нагласи дека се уште не мисли на Барса и дека тимот целосно е насочен кон настапот во Европа, а засега успешно успева да се дистанцира и од контроверзите кои настанаа по мечот со Севилја.

Италијанецот беше гневен како ретко кога и беше огорчен од арбитражата на Бургос Бенгочеа, но некако успеа да се смири и да не испрати жестоки пораки поради кои ќе заработи суспензија.

Анчелоти беше запрашан за неговото тенденциозно судење и на пресот пред мечот со Брага, а Дон Карло одново се снајде и го нагласи единственото поло во кое нема слобода на изразување.

– Јас верувам во судиите, понекогаш повеќе, понекогаш помалку. Ако ме прашувате за видеата кои ги објавува нашата телевизија за грешките на споменатиот судија, вие подобро од мене знаете што значи слобода на изразување. Секој има право да го искаже своето мислење и да го каже тоа што мисли. Јас се концентрирам на мојата работа, иако судиите понекогаш не оштетуваат. Вие знаете дека во една област немам слобода на изразување, а тоа е зборувањето за судиите. Ако го кажам тоа што го мислам, ќе добијам голема суспензија и нема да можам да работам, – изјави Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни