Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Модриќ е бесмртен

Објавено

на

Ветеранот Лука Модриќ одигра уште една импресивна партија во дресот на Реал Мадрид и беше најзаслужен што „кралевите“ ја суредија Селта Виго на нејзина терен на „Балаидос“.

Фаворитот славеше со 4-1, а Лука постигна фантастичен гол и запиша извонредна ситуација, односно одигра клучна улога во најважно време и го отвори патот до трите бода. Винисис Жуниор на теренот му се поклони на Хрватот, противничкиот навивачи го поздравија и му аплаудираа кога го напушташе зелениот тепих, а тренерот Карло Анчелоти на перфектен начин го опиша Лука кој иако е се поблиску до 40. година од животот игра на завидно ниво.

-Тој е бесмртен, секогаш e подготвен, секогаш игра многу добро. Неговиот гол ја промени играта, дотогаш беше изедначен и конкурентен натпревар. Во вториот дел го подобривме стартот и транзициите беа спектакуларни, -порача дон Карло.

Реал во следната рунда гостува во Каталонија каде ќе се соочи со Еспањол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни