Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ја оживува кариерата на отпишаниот играч од Зидан: Тој беше еден од најдобрите на теренот

Објавено

на

Реал Мадрид вчера во луд натпревар одигра 3:3 против Леванте на гостувањето во Валенсија, пресметка на која посебно до израз дојде Винисиус Жуниор поради двата постигнати гола во вториот дел, но и еден играч кој доминираше до 60-та минута.

Станува збор за Иско Аларкон кој по се изгледа ќе може да си ја оживее својата кариера во Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти, бидејќи претходно беше отпишан од страна на Зинедин Зидан и сигурно ќе беше продаден доколку Французинот останеше во клубот.

Иско одигра извонреден еден час на „Сиутат де Валенсија“ и беше играчот кој креираше најмногу добри шанси за Реал во овој период од играта, па аналитичарите од Мадрид останаа изненадени од одлуката на Карло Анчелоти да го повлече од игра како прва замена.

– Иско беше еден од најдобрите на теренот. Тој беше во стартната постава, а потоа го сменив за да му дадам свежина на тимот. Ја донесов таа одлука само за да го освежам тимот кој беше на теренот, истото важи и за Герет Бејл.

– Во овој период од сезоната, сакам да ги користам петте замени. Асенсио влезе на негово место и според мене одигра добар меч. Иско, Бејл и Азар претходно исто така имаа одлична средба, – објасни Карло.

По крајот на минатата сезона, Иско беше на излезни врати и се чинеше дека за него нема иднина во шпанската престолнина, но со издание како она синоќа, поранешниот шпански репрезентативец покажа дека се уште поседува квалитет кој доликува за еден голем клуб како Реал Мадрид, па по се изгледа ќе добива шанси од Анчелоти во новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни