АТП
Алкарас сака да го повтори успехот на Федерер: Имам голема самодоверба, подготвен сум!
Карлос Алкарас славеше на Мастерсот во Индијан Велс што за него беше прва титула во 2024 година, а воден од тој резултат сака да дојде до уште еден успех и тоа на турнирот во Мајами.
Шпанецот смета дека е подготвен да дојде до „Саншајн дабл“ и да стане прв играч по Рожер Федерер (2017 година) кој ги освоил овие две титули во иста година.
-Се чувствувам навистина одлично, имам голема самодоверба. Мислам дека играм одличен тенис. Среќен сум што сум повторно во Мајами, навистина посебно место за мене каде што играв одличен тенис во изминатите години. Се чувствувам одлично, физички и психички, подготвен сум, -порача Карлос кој е пресреќен што соработува со Хуан Карлос Фереро.
-Зависи како ме гледа. Дали многу се мачам, дали сум во во проблеми или не, ми кажува во зависност од моментот. Можам да ви кажам дека една од работите што најмногу ми зборува е: „Насмевни се“.
-Многу ми значи. Тој очигледно е голем поддршка кога го имам во боксот. Неговата поддршка е навистина посебна. Тоа е долг заеднички пат, веќе шест години. Почнавме кога јас бев јуниор, тој патуваше со мене. Заедно завршивме одлична работа. Поминувам многу време со него на турнирите и надвор од него. Имаме навистина добри односи и на професионален и на личен план. Научив многу од него, рече Шпанецот.
-
Лига на шампиони15 часа
Еурофарм Пелистер ја совлада Фредериција за прва победа во Лигата на шампионите
-
Италија23 часа
Тасоти: Милан не може без Леао, Фонсека не смее да дојде…
-
Свет14 часа
Мурињо настрада на тренинг на Фенербахче, па испрати порака до помладите колеги (Видео)
-
Англија18 часа
Аморим за „трансферот“ во Јунајтед: Преговорите меѓу двата клуба не се едноставни
-
Англија15 часа
Манчестер Јунајтед веќе прецртал едно скапо засилување на Тен Хаг
-
Англија15 часа
Атрактивна сопруга на ѕвезда на Челси ја потврди разделбата на Инстаграм
-
Свет16 часа
Хумелс со критики за Реал Мадрид: Се однесуваат како Доналд Трамп
-
Шпанија18 часа
Шпанската федерација го одложи дуелот Валенсија-Реал и уште четири натпревари