Поврзете се со нас

Лига Европа

Алиоски и Тричковски со конкретен ефект, Белоти обезбеди бод за Рома во Севилја (Видео)

Објавено

на

Езџан Алиоски и Иван Тричковски беа стартери на дуелот меѓу АЕК Ларнака и Фенербахче во Лига Европа, а втора победа во меѓусебниот дуел забележа турскиот тим (1:2).

Алиоски му асистираше на Жоао Педро за 0:1, додека Тричковски на спротивната страна реализираше пенал за кипарскиот претставник, кој последните дваесетина минути ги одигра со фудбалер помалку.

Фенербахче и Рен се на врвот во оваа група со по 10 бодови, додека АЕК Ларнака е на третата позиција со три освоени бодови.

Бетис ремизираше со Рома на домашен терен, откако по голот на Каналес за домаќините, на спротивната страна возврати Белоти за конечни 1:1, резултат кој ја приближува Рома само до освојување на третото место во групата.

Арсенал повторно го победи Бодо, овој пат како гостин со 0:1, а единствениот гол го постигна Сака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни