Поврзете се со нас

Италија

Алегри го започна пресот со специјално барање до новинарите: Виали беше пример за сите (Видео)

Објавено

на

Масимилијано Алегри е првиот тренер кој денеска одржа прес-конференција, неколку часа по лошата и непосакувана вест која пристигна од Лондон.

Џанлука Виали ја загуби втората битка со ракот и почина на 58-годишна возраст во Лондон, но поради цело наследство кое го остави на италијанскиот фудбал, тагата посебно е присутна на чизмата.

Голем број италијански клубови и Федерацијата се простија со легендарниот Виали, а во негова чест, Алегри реши да го отвори пресот со специјално барање до новинарите.

– Пред да ја започнам прес-конференцијата, сакам сите да се потсетиме на Ернесто Кастано кој почина вчера и на Џанлука Виали кој за жал не напушти денеска.

– Тие двајца му дадоа многу на Јувентус и на италијанскиот тим. Љубезно барам од вас да им одадеме почит со минута молк. Имав чест да го запознаам Виали. Тој беше голем играч, но уште поголем човек. Тој беше пример за сите и многу ќе ни недостасува, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни