Поврзете се со нас

Македонија

Акција во Битола: Осум играчи потпишаа нови договори со Пелистер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Пелистер има јасни амбиции во натпреварувачката 2023/2024, а тоа е влез, камбек во најсилната домашна фудбалска конкуренција.

Поради тоа беше ангажиран нашиот докажан фудбалски стратег Влатко Костов со тоа што во меѓувреме почна да се гради екипата. Клубот од Битола ја информираше јавноста дека осум играчи ја продолжиле верноста и тоа се Благоја Љамчевски, Петар Љамчевски, Бојан Спиркоски, Марио Наумоски, Филип Миленковски, Христијан Гроздановски, Борче Маневски и голманот Илче Петровски.

Во наредниот период ќе бидат направени нови потези, ќе бидат промовирани засилувања по што ќе биде означен и почетокот на подготовките закажан за 28 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни