Поврзете се со нас

АБА лига

АБА2 лига: Пелистер прокоцка клучна победа за плејоф, ТФТ настрада во дуелот со Војводина

Објавено

на

Кошаркариите на Пелистер самите си ја закомплицираа работата и значително си ги намалија шансите за пласман во плејоф во АБА2 лигата, бидејќи денеска загубија меч кој изгледаше добиен.

Македонскиот претставник одигра извонредни три четвртини против Подгорица и во последниот период имаше плус 12 на почетокот, но тоа не се покажа како доволно за победа. Пелистер прокоцка многу важна и клучна победа за пласман во плејофот, па сега во завршното коло ќе мора да брка победа против најдобриот тим во регуларниот дел, екипата на Суботица.

Подгорица направи голем резултарски пресврт и на крајот победи со 86:81, што значи дека Пелистер го избра потешкиот пат во обидот да се најде меѓу осумте најдобри.

За да се случи тоа, Пелистер ќе мора да ја победи Суботица, а ако не се случи тоа, во прилог ќе му одат порази на Борац и Хелиос.

Во вечерниот термин, на турнирот во АБА2 лигата играше и ТФТ, но тимот од Тафталиџе настрада во дуелот со Војводина и загуби со резултат 72:50 за десетти пораз во сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни