Поврзете се со нас

Фед куп

Македонија го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки

Објавено

на

Македонската женска тениска репрезентација ја победи Малта и го освои петтото место на Фед Купот во Хелсинки (Финска).

Денеска шанса добија младите Ана Ристевска и Александра Симева, а тие возвратија со чисти победи од по 2-0 во сетови.

Симева не загуби ниту еден гејм во пресметката со Криста Димеш (6-0, 6-0), додека пак Ристевска ја доби Маја Глумац со 6-1 и 6-0.  Ова за талентираните Ана и Александра беа први победи во поединечна конкуренција во Фед Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни