Поврзете се со нас

АТП

Зверев прогнозираше кои четворица тенисери ќе го предизвикаат Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Александер Зверев вчера го надигра Андреј Рубљов во големото финале во Синсинати и освои нова Мастерс титула во својата кариера, со што само потврди дека игра во врвна форма по освоениот златен медал на Олимписките игри.

Во своето прво учество по Токио, популарниот Саша прикажа извонреден тенис изминатава седмица во Синсинати и истиот го зачини со освоен трофеј, по кој самодовербата ќе му биде на уште поголемо ниво во пресрет на претстојниот Ју-Ес Опен.

Зверев ќе биде еден од фаворитите за највисок дострел во Њујорк, но според него, Новак Ѓоковиќ и натаму е неприкосновен фаворит за освојување на трофејот.

– Ѓоковиќ се уште е главен и апсолутен фаворит за титулата во Њујорк. Знам дека ќе игра неверојатен тенис на Ју-Ес Опен. Ќе биде свеж, се одмори и ќе го нападне трофејот. Сепак, ќе имаат што да кажат и другите тенисери кои играат добро во последно време, – изјави Зверев кој во отсуство на Надал и Федерер кои се повредени, потенцира дека сепак има кој да го предзивика светскиот рекет број еден.

– Знам што можам да направам и се надевам дека ќе го кренам нивото за уште малку повисоко во Њујорк. Ќе биде навистина интересно, предизвикувачи на Новак ќе бидат и Рубљов, Медведев и Циципас, – порача Зверев.

Само за потсетување, Ѓоковиќ ги освои сите претходни три грен слема во годината, па во Њујорк ќе брка достигнување на календарски слем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни