Поврзете се со нас

Шпанија

Засилувањето на Атлетико киксираше, Вилјареал славеше во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Вилјареал оствари голема победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид (0:2), а голем дел од вината е на засилувањето Нахуел Молина.

Тимот предводен од Диего Симеоне не ги искористи своите шанси, „жолтата подморница“ беше трпелива и сочека грешка на Молина во 73. минута.

Очајната интервенција на Аргентинецот му овозможи на Пињо да донесе предност за гостите, а Атлетико до крајот не успеа да стигне ни до израмнување.

Во судиското продолжение, Молина стави точка на својот катастрофален настап со непотребен црвен картон, а Морено во контра неколку минути подоцна ги постави конечните 0:2.

Со најдобра гол-разлика и максимален учинок, Вилјареал барем привремено е на првата позиција во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни