Поврзете се со нас

Италија

Засилувањата погодија, Јувентус ја скокна Аталанта на прволигашката табела (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Јувентус ја потврди фаворитската улога и славеше над Верона со 2-0 во последниот меч од денешната програма во Серија А.

Тренерот Масимилијано Алегри одлучи да им даде шанса од првата минута на зимските засилувања Душан Влаховиќ и Денис Закарија, одлука која се покажа како клучна затоа што Србинот и Швајцарецот беа авторти на головите вредни три бода.

На Влаховиќ му беа потребни само 13 минути за да се запише во листата на стрелци на дебито и тоа по одличната асистенција на Дибала. Овој резултат беше активен до 61 минута кога Закарија го матираше Монтипо за зголемување на предноста на „старата дама“, но и воедно потврда на победата со која Јуве дојде до четвртата позиција на табелата.

Клубот од Торино ја мина Аталанта која денеска киксираше против Калјари, односно сега поранешниот италианскиот шампион има два бода повеќе од составот од Бергамо (45/43).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни