Поврзете се со нас

Англија

Вокер го разочарал Баерн со својот последен потег

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Кајл Вокер имаше постигнато договор со Баерн Минхен за своите лични услови при евентуален трансфер во бундеслигашот, но на крајот очигледно ќе ретерира од својата првична идеја.

Англискиот репрезентативец планираше да го напушти Манчестер Сити и да се пресели во Германија, па иако првично им ја потврдил ваквата желба на Баварците, сега предизвикал големо разочарување кај германскиот првак.

Пеп Гвардиола интензивно „работеше на случајот“ изминатите недели и по неколку средби со Вокер, очигледно го убедил десниот бек да остане на „Итихад“ барем уште една сезона.

Тоа значи дека Сити ќе задржи искусен и квалитетен дефанзивец, додека Баерн ќе мора да бара друга солуција за позицијата на која има дефицит и каде во блиска иднина нема да смета ниту на Павар.

Вокер дури добил и понуда за нов договор, па ако ја прифати, тоа ќе значи дека ќе остане во Сити и подолг период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни