Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ: Бевме во навистина тежок период…

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус обезбеди победа над Лацио од 2-0, резултат со кој си ги отвори вратите кон финалето на Купот на Македонија.

„Старата дама“ игра катастрофално во Серија А во изминатиов период, па овој триумф им беше повеќе од потребен и до истиот стигнаа со погодоците на Киеза и Влаховиќ во 50 и 64 минута.

-Бевме во навистина тежок период за сите нас, така што навистина требаше да бидеме најдобри на овој натпревар. Беше тешко, не чека уште еден многу тежок натпревар во реваншот и ова е само полувреме. Серија А е исто така многу важна, па мораме да одиме натпревар по натпревар, -истакна Влаховиќ.

-Игравме против многу силен тим, со силен тренер и тие многу се сменија, па не ни беше лесно. Мислам дека откако го отворивме резултатот, се беше многу полесно, но сега мора да се вратиме на победите и во Серија А. Не ми е важно многу колку голови ќе постигнам, кој добива асистенција, важно е да победиме сите заедно и тоа значи дека сите можеме да славиме.

-Сакам да им честитам на моите соиграчи и да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа овде да не бодрат. Исто така, му давам комплименти на тренерот за тоа како го подготви натпреварот, -подвлече Србинот.

Јуве сега има лигашки соочувања со Фиорентина, Торино и Калјари по што доаѓа реваншот со лацијалите на „Олимпико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни