Италија
Вирален хит: Великанот Франческо Тоти сними реклама, партнер му е македонската легенда Зоки Малиот (ВИДЕО)

Балканскиот регион во последно време зачестено собира награди на фестивалите за адвертајзинг, а последен хит од нашето поднебје е рекламата во која главната улога ја има Франческо Тоти, кој ги здружи силите со експертите за квалитетен сон од Comodita Home.
Станува збор за душекот Cloud, висококвалитетен дизајнерски душек со модерен изглед на кој е врежан потписот на Франческо Тоти на сребрена плочка.
И можеби сето ова ќе минеше незабележано кај нас, да не се поклопеа неколку нешта. Компанијата која делува на нашиот и соседните пазари, рекламата ја сними користејќи локална компанија за кастинг, а меѓу ликовите кои се појавуваат е и урбаната легенда на ноќниот живот во Скопје, Зоки Малиот, кој ја има „главната машка споредна улога“ како сосед на Тоти кој бара негов автограм.
Оваа соработка е секако најголема во историјата во нашиот регион земајќи го предвид статусот на фудбалска ѕвезда, кариерата на Тоти, како и постигнатите успеси со неговиот клуб и со италијанската репрезентација. Брендот Comodita, пак, е најголемиот извозник на пазарите во Европа и Америка и исто така една од најуспешните бизнис приказни во регионот. А со оглед на нивото на соработка што доаѓа од овие две големи имиња, дизајнот на душекот Cloud е една од најголемите иновации во овој сегмент и најголем проект во овој регион и пошироко.
Имено, душекот Cloud потпишан од Тоти е висок 35 cm и е составен од 5 различни видови слоеви и индивидуални пружини. Душекот е дел од линијата Special Edition, а со оглед на неговиот состав, се вбројува во производите наменети за високо квалитетен стил на живот.
Погледнете го видеото кое плени со својата оригиналност.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 24 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Англијапред 5 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Шпанијапред 6 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците