Поврзете се со нас

Англија

Виеира заработи „шут-карта“ пред пресметката со „својот“ Арсенал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CPFC

Патрик Виеира влезе во лоша серија на резултати како предводник на Кристал Палас, па ужасната серија го примора раководството на клубот да носи тешка и радикална одлука на два дена пред пресметката против неговиот омилен клуб.

Арсенал овој викенд ќе го пречека Кристал Палас на домашен терен, но на гостинската клупа на „Емирејтс“ нема да се појави легендарниот Французин.

Виеира рано утрово заработи „шут-карта“ од газдата на Кристал Палас, сето тоа како последица на црната серија која започна од стартот на 2023-та година.

Последната победа на Кристал Палас под водство на Виеира датираше од 31-ви декември минатата година, па тимот сега е блиску до опасната зона и газдата Стив Париш се реши за промена по трите порази во низа.

– Со огромно жалење е донесена оваа тешка одлука. На крајот на краиштата, резултатите во последните месеци нè ставија во несигурна лигашка позиција и почувствувавме дека е неопходна промена за да ни даде подобри шанси  за задржување на статусот во Премиер лигата, – изјави Париш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни