Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем го растури Лестер за лидерската позиција на табелата (Видео)

Објавено

на

Екипата на Вест Хем одигра одличен натпревар пред своите гледачи убедливо совладувајќи го тимот на Лестер.

Избраниците на Дејвид Мојс славеа победа со 4:1, а најзаслужен за убедливата победа беше Мишел Антонио кој постигна два погодоци и запиша уште една асистенција.

Пабло Форналс го отвори резултатот со гол во 26. минута и тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Пред самиот крај на првите 45. минути Ајозе Перез доби директен црвен картон, што можеби беше и клучен момент за решавање на победникот на натпреварот.

Во вториот дел Вест Хем брзо постигна нов погодок преку Бенрахма, а надежите за Лестер ги врати Јури Тилеманс со гол во 70. минута.

Сепак, Мишел Антонио стави точка на сите дилеми со два брзи гола во 80. и 84. минута од натпреварот.

Со оваа победа Вест Хем се искачи на врвот на премиерлигашката табела со ист број бодови како Челси, Ливерпул и Тотенхем, но со подобра гол разлика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни