Поврзете се со нас

НБА

Вембанјама режираше две монструозни забивања, па воодушеви со две „банани“ во иста акција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Виктор Вембанјама доби многу пофалби по своето деби во НБА лигата и еден од оние кои беа најгласни беше Лука Дончиќ, но ако во првиот обид беше сопрен од Словенецот, на вториот меч ја запиша првата победа во најсилната лига во светот.

Младиот Французин беше пречекан како вистинска сензација во Америка и очекувањата се навистина големи од него, а Грег Попович и неговиоте соиграчи од Сан Антонио многу брзо почнаа да уживаат во неговите квалитети.

Спарси рано утрово добија еден драматичен меч со Хјустон по продолжение (126:122), со тоа што најдобрите потези во клучната четврта четвртина му припаднаа на Виктор.

Вембанјама режираше две монструозни забивања и демонстрираше страшна доминација во офанзива, но истото го направи и во дефанзива кога залепи две „банани“ во иста акција.

Новата ѕвезда на Сан Антонио го заврши мечот со 21 поени, 12 скокови, 3 блокади и 2 украдени топки, па сосема заслужено го понесе приматот играч на мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни