Поврзете се со нас

Македонија

Вардар во финишот го скрши отпорот на одличниот Охрид

Објавено

на

Екипата на Вардар дојде до неочекувано тешка победа против тимот на Охрид во првиот натпревар од плеј-офот од ракометната Суперлига.

„Црвено црните“ во „Јане Сандански“ со 28:26 го совладаа тимот предводен од Раде Стојановиќ кој речиси цели 60 минути беше рамноправен противник со големиот фаворит.

Охриѓани дури и имаа предност од еден гол на полувремето кое го добија со 13:12, но истата не можеа да ја задржат и во вториот дел во кој потклекнаа и на крај мораа да му честитаат на фаворизираниот противник.

Давид Дејвис, очекувано, на оваа средба шанса им даде и на играчите кои немаат голема минутажа во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, а своето деби за клубот го имаше и Костадин Петров кој дојде како позајмен ракометар од тимот на Металург.

Филип Николов од Охрид потврди дека игра во одлична форма оваа сезона и со осум погодоци беше најефикасен на паркетот, додека по шест постигнаа Жереми Тото и Тимур Дибиров од Вардар.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни