Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го ангажираше играчот кој стави потпис на долгогодишен договор со Кјелце (Фото)

Објавено

на

Вардар се подготвува за мечот со ППД Загреб во Лигата на шампионите, но набрзо по завршената прес-конференција, пристигна една интересна и неочекувана информација од клубот.

Македонскиот првак обелодени дека тимот на Дејвис добива големо засилување до крајот на сезоната во Стефан Додиќ, фантастичниот млад играч на Охрид кој беше еден од најдобрите во Првата македонска ракометна лига до овој дел од шампионатот.

Станува збор за исклучително талентиран ракометар кој пред да замине во Охрид се градеше како играч во Металург, а дека станува збор за сериозен потенцијал дознавме и пред четири месеци кога потпиша професионален договор со полскиот гигант.

Кјелце ги осигура услугите на Додиќ и младиот ракометар стави потпис на договор до 2026-та година, но сега вториот дел од сезоната ќе го игра во Вардар.

Додиќ има само 18 години, па не се исклучува можност да биде испратен на позајмица и наредната сезона, што ќе зависи од тоа како ќе се прикаже во дресот на Вардар во наредните неколку месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни