Поврзете се со нас

Свет

Валјадолид го потврди Карапалевски: Интелегентен играч, одличен во „еден на еден“…

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Екипата на Валјадолид официјално го потврди потписот на Мартин Карапалевски кој Вардар и Македонија ќе ја земени со Шпанија и АСОБАЛ лигата.

Средниот бек договори соработка до 2026 година, а ова воедно значи дека и во наредниот период Валјадолид ќе има двајца Македонци затоа што таму ќе остане и крилото Димитар Димитриоски.

-Тој е млад играч со потенцијал, но и искуство од Лигата на шампионите, Лигата на Европа, СЕХА лигата и македонското првенство, со неколку добри сезони зад себе. Тој не е висок, ама е интелигентен играч, одличен во играта „еден на еден“ и е добар во играта со кружен напаѓач. Се надевам дека ќе напредува во Валјадолид и ќе ја оправда довербата што ја имаме во него, -истакна тренерот Давид Писонеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни