Поврзете се со нас

Репрезентација

Уште еден квалитетен тест: Македонија закажа контролен меч и со Чешка

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација ќе има две квалитетни пријателски натпревари во месец јуни, натпревари кои ќе бидат вистински тест за нашите фудбалери, но и за селекторот Благоја Милевски кој ќе има појасна слика пред наредните предизвици.

Веќе беше официјализирано дека на 3 јуни ќе се соочиме со Хрватска во Ријека за да сега стигне вест дека ќе ги одмериме силите со Чешка во Прага и тоа на 10 јуни.

Македонија ќе ја тестира Хрватска пред Европското првенство

Далиќ: Македонија е одличен противник, тоа е репрезентација која ремизираше со Англија и Италија

Немаме позитивно искуство со Чесите кои двепати не добија во квалификациите за СП во 2006 година, додека ремизиравме 1-1 на тестот во 2001 година.

Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот фудбалски сојуз да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет. Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации. Чешка има силен тим, но сакаме да видиме каде сме во тој момент и што треба уште да подобриме во пресрет на отворањето на Лига на нации. Сигурен сум дека гледачите ќе уживаат во квалитетен натпревар – истакна селекторот Милевски за официјалната веб страна на ФФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни