Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем до крајот на преодниот рок добива две солидни засилувања

Објавено

на

Нуно Еспирито Санто до крајот на преодниот рок ќе добие најмалку две засилувања со кои ќе го подобри квалитетот на својот состав.

На барање на португалскиот стратег, Фабио Паратичи во моментов работи на ангажманот на Адама Траоре, фудбалер кој е на врвот на листата приоритети на Тотенхем.

Веќе неколку недели траеле преговорите со Вулверхемптон и самиот играч, а во следниов период се очекува Тотенхем да испрати официјална понуда за негов ангажман.

Од друга страна, во финална фаза се преговорите меѓу Тотенхем и Мец за услугите на младиот фудбалер од средниот ред, Папе Сар за кого интерес има од уште неколку други големи клубови од Европа.

Според Фабрицио Романо, веќе бил постигнат вербален договор меѓу двата клуба, а сега се преговара дали фудбалерот да остане уште една сезона во Мец како позајмен играч или веднаш да се пресели во Северен Лондон каде  првично не би добивал толкава минутажа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни