Поврзете се со нас

Формула 1

Тимскиот шеф на Мекларен тврди дека ги знае возачите на Мерцедес за следната сезона

Објавено

на

Новата сезона во Формула 1 треба да започне претстојниов викенд, а тимскиот шеф на Мекларен отвори интересна дебата која е поврзана за сезоната во 2022 година.

Зек Браун смета дека сите потези на возачите и клубовите наведуваат на заклучок дека следната година за Мерцедес ќе возат Макс Ферстапен и Џорџ Расел.

– Мислам дека заклучокот е логичен, ќе ги гледаме Макс и Џорџ во Мерцедес во 2022 година.

– Луис може да ја освои осмата титула сезонава и да ги собори сите рекорди, а има само едногодишен договор. Џорџ и Макс ги довршуваат своите договори…

– Од една страна го имате Ферстапен кој е млад, но и многу икусен, а од друга Џорџ има голема иднина пред себе. Ако бев Мерцедес, ќе сметав дека тоа е супер постава за наредните пет години. Поинтересно е да се види што ќе прави Ред Бул во таа ситуација, – рекол Браун.

Иако Ферстапен го продолжи договорот со Ред Бул до 2023 година, добро упатените извори велат дека има клаузула според која може да си замине доколку тимот го смени снабдувачот со мотори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни