Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг го испофали резервистот кој долго го чекаше: Вака се прави разлика од клупата за резерви!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед не брилјираше против Вулверхемптон и долго го одржуваше водство од 1:0 кое го стекна во првиот дел, но во самиот финиш, сепак постигна и втор гол за помирно чекање на последниот судиски свиреж.

Алехандро Гарначо подолго време беше во аут поради повреда, но во меѓувреме доби награда и стави потпис на нов договор, а истиот го прослави со фантастичен гол во мрежата на „волците“.

Младиот Аргентинец ја покажа својата енергичност иако доби само десетина минути, период во кој успеа да го воодушеви и Ерик Тен Хаг кој истовремено испрати и забелешки до резервите од претходните натпревари.

– Сите можевме да видиме со каква страст влегува на теренот и какво влијание имаше. Вака се прави разлика на теренот. На претходните натпревари, главен проблем ни беше тоа што резервите не го подобруваа тимот. Резервите ни беа лоши и немаа никакво влијание. Овојпат тоа се промени со Гарначо, но и со останатите.

– Гарначо постигна фантастичен гол, влезе и се што направи беше добро. Овој гол добро ќе му дојде за самодоверба, а добро ни доаѓа и нас за до крајот на сезоната. Самиот знае дека може многу да ни помогне, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни