Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановски и Димитријевиќ му се ставија на располагање на селекторот Јончевски (ФОТО)

Објавено

на

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација се подготвува за претквалификациите за Олимписките Игри во Париз, а од денеска на групата и се приклучија Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ.

foto: kfsm.mk

foto: kfsm.mk

foto: kfsm.mk

Тоа се двајцата наши најквалитетни играчи кои заедно со Ти-Џеј Шортс треба да бидат лидери, предводници на нашиот тим во обидот да дојдеме до што подобар резултат.

Војдан има големо искуство и е капитен на селекцијата, додека Димитријевиќ е повратник во националниот тим, меѓутоа неговите квалитети се неспорни и тоа го видовме во претходната сезона во дресот на Уникс Казан.

Кога е во прашање селекцијата лошо е тоа што Виктор Ефремоски има повреда на ногата, па селекторот Јончевски се одлучи да го приклучи Марко Миловановиќ.

Во тренажен процес одново е и центарот Теодор Симиќ, па во моментов Александар и неговите соработници Василев и Велев, сметаат на вкупно 11. кошаркари.

Инаку на турнирот во Талин ќе се соочиме со Чешка, Израел и Естонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни