Поврзете се со нас

Македонија

Стјуардите го казнија Џиролами и го оставија без победа на втората трка во Монца

Објавено

на

Франко Џиролами денеска победи на трката од ТЦР Европа првенството на патеката Монца, но неколку часа подоцна му е соопштено дека заработил казна од стјуардите.

Аргентинецот кој вози за македонскиот тим ПСС Рејсинг, заработи казна од 30 секунди, со што наместо на првото, заврши на деветнаесеттото место и остана без поени од втората трка овој викенд.

Стјуардите ја изрекле казната затоа што Џиролами наводно го претркал Микел Аскона додека било активно жолтото знаме, ситуација за која главниот ривал за титулата се жалел и истата жалба била прифатена од одговорните.

Ваквиот епилог целосно ја менува ситуацијата бидејќи наместо 10 поени предност, Аскона на две трки до крајот сега има 53 поени предност во однос на Џиролами од ПСС Рејсинг.

Аскона исто така доби казна, но само пет секунди, по што беше петтопласиран, а сега со новата одлука, ја заврши трката на четвртото место. Победник на денешната трка е Мато Хомола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни