Поврзете се со нас

Балкан

Си поигра со двајца противнички играчи: Даноски постигна мајсторски гол за Радник (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Зоран Даноски постигна убав гол во дресот на Радник на денешната пресметка против Јавор во првата лига на Србија.

Прилепчанецот доби топка на левата страна по што си поигра со двајца противнички играчи по што рутински ја смести топката во мрежата на домаќините за водство од 2-1. Сепак до крајот Јавор израмни и ги постави конечните 2-2, но токму Даноски е најзаслужен за овој бод на составот од Сурдулица со оглед на тоа што претходно го изнуди пеналот кој го реализираше Спасиќ.

Ова за Даноски е втор сезонски погодок во шампионатот, првиот го даде во дресот на Нови Пазар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни