Поврзете се со нас

Англија

Шок од Англија: Редовен стартер на Брајтон приморан да се пензионира поради срцеви проблеми (Фото)

Објавено

на

Енок Мвепу е приморан да стави крај на својата играчка кариера на само 24 години, а причина за тоа е наследна срцева болест која сега била потврдена со напредни медицински прегледи.

Стандарниот стартер во поставата на Брајтон ги пропушти последните два меча во Премиер лигата против Ливерпул и Тотенхем поради целокупна слабост и непријатност, по што биле направени комплетни прегледи кои го потврдиле најлошото.

Брајтон информираше дека за жал Мвепу ја наследил срцевата мана од своите најблиски и тоа може да му донесе огромни проблеми во иднина, поради што експресно му е препорачано да стави крај на играчката кариера. Англискиот премиерлигаш со огромно жалење ја пренесе лошата вест, но му даде и огромна поддршка на Енок пред да продолжи со нова авантура во фудбалот, но во поинаква улога.

– Мало момче од Замбија има да сподели едни вести. Тоа момче стоеше цврсто за да си го оставри животниот сон и да заигра фудбал на највисоко ниво, и благодарение на Бог си го оствари и стигна до Премиер лигата. Сите соништа имаат свој крај, а јас со жалење мора да кажам дека ги закачувам копачките на клин поради медицинскиот совет кој го добив.

– Како и да е, ова нема да биде крај на моето инвловирање во фудбалот. Ја користам оваа прилика за да им се заблагодарам на сите кои бе поддржаа во ова фудбалско патување, вклучувајќи ја мојата сопруга и фамилијата, мојот агент, замбиската Федерација, сите мои претходни клубови, соиграчи и тренери, а особена благодарност до сите во Брајтон, – порачува 24-годишниот Мвепу кој својот последен меч го одигра против Лестер минатиот месец, кога беше и асистент на еден од петте гола во триумфот од 5:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни