Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шкупи падна на Гибралтар, но обезбеди двомеч со Динамо Загреб (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи претрпеа пораз од Линколн од 2-0 на вечерашниот реванш на Гибралтар, но и покрај овој негативен резултат тие продолжуваат во квалификациите за Лигата на шампионите каде во наредната рунда ќе се соочат со Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Избраниците на Седлоски не се прославија на денешниот меч каде се доведоа во многу лоша ситуација да стравуваат за местото во наредната рунда. Нашиот првак славеше во Скопје со 3-0, меѓутоа денеска имаше доста проблеми и по 69 минути игра губеше со 2-0 со головите на Пења (32) и Каскиаро.

Сепак во завршните плус 20 минути немаше промена на резултатот и Шкупи со вкупни 3-2 го продолжува настапот во елитното натпреварување, ама денешната средба е јасно предупредување дека едноставно не може да има толку осцилации во играта, две лица дома-гости ако сакаш подобра резултат во натпреварувањата кои се под капа на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни