Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Нухиу

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Шкендија го заврши првиот дел од сезоната со десет победи, пет реми средби и три порази, но иако тетовските „црвено-црни“ се блиску до првото место, овие резултати испадна дека не се доволно добри.

Тетовскиот клуб денеска ја информираше јавноста дека е прекината соработката со тренерот Ардијан Нухио, па третопласираниот тим на табелата во пролетниот дел од сезоната ќе има нов тренер.

Шкендија го заврши есенскиот дел со 35 освоени бода, четири помалку од лидерот Струга, а сега времето ќе покаже дали тренерската смена која денеска се најави ќе се покаже како добар потег.

– Фудбалскиот клуб Шкендија преку ова соопштение ја информира јавноста дека по внимателна проценка и отворен дијалог, постигна взаемен договор за прекин на соработката со тренерот Ардијан Нухиу.

– Оваа одлука ја споделуваме со убедување дека во овој момент е важно да се направат промени кои ќе донесат нов дух и нова насока во нашиот тим. Благодарни сме на тренерот Нухиу и неговите стручни лица за придонесот кој го имаа додека беа дел од нас, им посакуваме успех во нивната професионална иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни