Поврзете се со нас

ВТА

Шарапова откри како го отпуштила својот татко: Не можев да го погледнам во очи

Објавено

на

Foto:instagram.com/mariasharapova/?hl=en

Марија Шарапова креираше респектабилна тениска кариера и освои пет грен слем титули во својата кариера, но што е најважно, успеа да ги обедини сите трофеи од четирите најважни турнири.

„Сибирската убавица“ цело свое детство го посетила на тенисот по барање на нејзиниот татко Јури, а иако тој е најзаслужен за успесите кои ги доживеа Маша, во еден момент мораше да се дистанцира од својата ќерка.

Тоа го побара самата Марија по освоената титула на Аустралијан Опен во 2008-ма година, па за својата најтешка одлука во кариерата реши да говори речиси 16 години подоцна.

– Знаев дека во еден момент ќе мора да му кажам дека веќе нема да биде мој тренер. Гледав дека тој момент се ближи, но не знаев како да го направам тоа. Не знаев како да постапам, а истовремено да не го повредам.

– Тоа е многу тешко за татко кој бил успешен во спортот, но уште повеќе за човек кој со својата ќерка освои грен слем турнири. Најголемиот подарок од него ми е тоа што сфати дека мора да се оддалечи од мојата кариера. По освоената титула во Австралија, го информирав за мојата одлука преку мејл. Сметав дека така најдобро ќе се изразам и дека ќе ми биде наједноставно и најбезболно. Мојот татко знаеше дека такво нешто може да се случи, но не го очекуваше тоа после третата освоена грен слем титула во кариерата. Да бидам искрена, не можев да го погледнам во очи, – открива Маша.

По крајот на соработката со својот татко, Шарапова освои уште две грен слем титули во својата кариера, и тоа двете на грен слем турнирот кој и беше најмалку омилен, Ролан Гарос (2012 и 2014 година).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни