Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Седлоски предупредува, но верува во тимот: Да покажеме што сработивме изминативе месеци

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи како првак на Македонија е дел од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, рунда во која доби предизвик од Гибралтар во тимот на Линколн.

Гибралтарскиот тим утре ќе гостува во Скопје на првиот од двата натпревари кои ќе ги одиграат двата тима, а тренерот Гоце Седлоски најави дека чаирчани одат на победа и очекува добар резултат од позитивните подготовки.

– Максимално сме подготвени за овој натпревар од денот кога го дознавме името на противникот. Имавме многу добра подготвителна фаза и чекаме да покажеме што сработивме добро изминативе месеци.

– Јасно е, очекуваме помош од нашите фанови кои се големи ентузијасти и голема поддршка за нас. Ќе дадеме максимум и би се задоволиле со секаква победа.

– Добивме многу нови играчи во тимот, но го задржавме костурот и тоа е добро. Новите играчи допрва ќе се вклопуваат и се надевам дека добро ќе се прикажеме со нив. Линколн е незгоден противник и никој не размислува за Динамо кој не чека во втората рунда, – изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Шкупи и Линколн се игра утре во 20:45 часот на националната арена во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни