Поврзете се со нас

Свет

Самарџиски скршен од болка поради Милојевиќ: Не можам да ви опишам каков човек беше… (Фото)

Објавено

на

Кошаркарска Србија и Америка тагуваат поради прераната смрт на Дејан Милојевиќ, поранешниот легендарен српски играч и досегашен тренер во редовите на Голден Стејт.

Гостувањето во Солт Лејк Сити за жал се покажа како последно во неговиот живот, бидејќи пред да дојде до дуел со Јута Џез, Србинот доживеа срцев удар и итно беше пренесен во болница.

Иако му беше направена операција, 46-годишниот Србин не успеа да се опорави од сериозните последици, па сите медиуми со огромно жалење ја пренесоа трагичната вест за негова прерана смрт.

Популарниот Деки беше омилен лик во својата родна земја и беше надалеку ценет во сите кошаркарски кругови, а шокиран од страшната вест е и поранешниот македонски репрезентативец, Предраг Самарџиски.

Самарџиски соработуваше со Милојевиќ во Мега, а од тоа време го памети како голем човек од кој научил многу работи во животот.

– Луѓе мои, не можам да ви опишам каков човек беше … Имав можност да учам од него, не за спортот, туку и за животот, за љубовта, за се. Каков шок и каква болка, – порача Самарџиски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни