Поврзете се со нас

Светски првенства

Салцбург ѝ посака среќа на Хрватска со урнебесна фото-монтажа

Објавено

на

Полуфиналето меѓу Хрватска и Аргентина ќе стартува во 20:00 часот и од таа пресметка ќе го дознаеме првиот патник во големото финале на Светското првенство, па откако ги дознавме стартните постави на двата селектори, Хрватска доби една урнебесна поддршка од Австрија.

Ред Бул Салцбург на комичен начин и посака среќа на Хрватска во пресметката со Лионел Меси и останатите Аргентинци, правејќи фото-монтажа од оригиналната слика на Меси и Роналдо.

Двете големи ѕвезди позираа за „Луј Витон“ со шаховска табла пред себе, а објавата на Салцбург е едитирана и додаден е фудбалерот кој е нивни претставник на полуфиналето.

Лука Сушиќ е на клупата за резерви на Хрватска и на овој натпревар, но Салцбург го искористи неговиот лик за урнебесна најава за полуфиналето.

– Време е за стсарт на вистинската игра. Со среќа Лука Сушиќ и Хрватска….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни