Поврзете се со нас

Репрезентација

Руски судии ќе ни судат во Дуизбург

Објавено

на

Македонската репрезентација ја очекува меч против Германија во Дуизбург во квалификациите за Светското првенство, меч за кој се делегирани арбитрите кои ќе делат правдата.

Во центарот ќе биде најдобриот руски судија Сергеј Карасев, а негови помошници ќе бидат Игор Демешко и Максим Гаврилин, додека четврти арбитар ќе биде Владимир Москалев.

Инаку Карасев во минатото и има судено еднаш на Македонија и тоа против Шкотка во Глазгов во 2012 година, средба која заврши без победник 1-1.

Дуелот Германија-Македонија се игра на 31 март со почеток од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни