Поврзете се со нас

Светски првенства

Роналдо му испрати порака на разочараниот Нејмар: Направи огромна жртва…

Објавено

на

Бразил не ги оправда очекувањата и доживеа рана елиминација на Светското првенство и тоа во четвртфиналето каде подобри од нив беа Хрватите кои славеа по пенал рулетот.

„Селесао“ важеше за прв фаворит за пехарот во Катар, меѓутоа како и на претходните изданија недостасуваше нешто во тимот за да ја врати популарната Божица во своите витрини. Големо беше разочарувањето по овој неуспех, па најголемата ѕвезда Немар најави и дека може да е повлече од националниот тим.

Големиот Пеле се јави и му порача да продолжи да игра за Бразил, а сега слична порака му испрати и легендарниот Роналдо.

-Мислам дека Нејмар е многу вознемирен од резултатот на Светското првенство за репрезентацијата на Бразил. Нормално е дека засега се чувствува така, но исто така сигурен сум дека ќе се врати посилен и ќе продолжи да игра со репрезентацијата. Сè уште е млад… Мислам дека може да игра на следното СП.

-Многу сум среќен што на светот му покажа посветеност во последните шест месеци, за репрезентацијата на Бразил. Се грижеше за себе. И одигра добар натпревар, првиот натпревар. Тој доби многу силен удар на глуждот. Направи огромна жртва за повторно да заигра за националниот тим. Одигра многу добро на последниот натпревар. Мислам дека е многу важен за нас. Па се надевам дека ќе закрепне наскоро и ќе се врати силен во фудбалскиот свет со ПСЖ и репрезентацијата на Бразил, -порача Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни