Поврзете се со нас

Свет

Ромарио и Бебето влегоа во „војна“: Историскиот тандем на Бразил служи за потсмев во јавноста

Објавено

на

Foto:instagram.com/romariofaria

Политиката често знае да предизвика големи непријателства и да донесе расправии во сите сфери, а истото важи и за спортот кој обично треба да биде изолиран од одлуките на властите и водечките луѓе.

За жал, последен добар пример за крај на едно долгогодишно пријателство ни доаѓа од Бразил, и тоа од тандемот кој ги водеше „кариоките“ до светската титула во 1994-та година.

Тандемот Ромарио-Бебето беше убиствен за противничките репрезентации на споменатиот мундијал, но сега како почитички противници, си поделија многу ниски зборови во јавноста и служат за потсмев во Бразил.

– Бебето е предавник, тој ме предаде во политиката. Има работи кои може да пројдете во животот, но има некои низ кои не можете. Гледам предавници секој ден, но кога ќе ви се случи со човек со кој сте биле пријатели, тоа е навистина жално. За жал, таква е ситуацијата со Бебето, – вели Ромарио, кој добил жестоко одговор од Бебето.

– Кој е Ромарио за да ме нарекува предавник? Ромарио полека старее и почнува да има склероза, кажува многу глупости во јавноста. Јас имам добра фудбалска и политичка кариера, секогаш сум избегнувал полемики. Не можам да го кажам истото за Ромарио, тој е егоист. Во политиката се работи групно, а тој мисли само на себе, – гласи одговорот на Бебето.

Инаку, двете бразилски легенди се противници како членови на најпознатите политичка партии, односно Ромарио го поддржува Болсонаро, а Бебето новиот претседател, Лула Да Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни