Поврзете се со нас

НБА

Риверс ја посочи главната разлика меѓу Џордан и Леброн: На Мајкл му дозволивме…

Објавено

на

Тренерот на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс имаше и се уште има шанса одблиску да ги гледа Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, па од своја перспектива даде интересно мислење за тоа кој е најдобар, најголем на сите времиња.

Риверс имаше многу соочување со Џордан на теренот, додека пак кога е во прашање Леброн долги години му е противник ама од поинаков аспект, тој како тренер се обидува да го спречи, неутрализира „кралот“ на натпреварите.

Многумина сакаат да ги споредуваат Џордан и Џејмс, а според Риверс има еден многу важен момент во таа приказна, компарација на двете големи имиња.

-Мајкл седум години не освои титула во НБА. Тоа е затоа што тој не веруваше, не му веруваше на системот, сакаше сам да доминира. Не ја сфати важноста на неговите соиграчи и се останото. Ама никој Мајкл не го критикуваше.

-Разликата меѓу Мајкл и Леброн е што кога Џордан дојде до лигата сите во лигата ги изненади. Кога Леброн доаѓаше во НБА сите очекуваа дека тој ќе биде одличен. Мајкл…ние му дозволивме да порасне да биде голем, тоа со Леброн не го направивме, -истакна Док.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни