Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг откри: Еден повреден играч се понуди да игра против Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг го подготвува својот тим за дерби пресметката со Арсенал која се игра в недела, но покрај трите добри вести, има и една лоша во пресрет на дуелот на „Олд Трафорд“.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед соопшти дека најверојтно подготвени за настап ќе бидат Фернандеш, Рашфорд и МекТоминеј, но откри дека од комбинација отпаднал Мејсон Маунт.

Малерозното летно засилување претрпело нова повреда за време на вчерашниот тренинг, а поради големите проблеми со повреди, еден недолечен фудбалер самиот побарал од Тен Хаг да игра против Арсенал со цел да му помогне на тимот.

– Вчера Лича Мартинез ми пријде и побара да игра против Арсенал за да му помогне на тимот. Сепак, не можам да дозволам такво нешто. Ја почитувам неговата желба и пожртвуваност, но потребно му е уште малку време за да го комплетира целиот процес на рехабилитација.

– Тој очајнички посакува да игра и да му помогне на тимот, потребен е таков став, но јас никогаш нема да се коцкам со еден фудбалер и да ризикуваме уште поголеми проблеми, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни