Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рио Фердинанд за првиот гол на Меси: Вредеше да се чека…

Објавено

на

Лионел Меси го постигна првиот гол во дресот на ПСЖ и тоа во многу важен момент, во победата над Манчестер Сити во групната фаза на Лигата на шампионите.

Францускиот тим го доби дербито пред своите фанови, а Меси реализираше на препознатлив, атрактивен начин во 74. минута, постигнувајќи ги конечните 2:0.

Рио Фердинанд како стручен коментатор на Лигата шампионите за „Би-Ти Спорт“, во кратки црти го сумираше она што се случи.

– Моравме да чекаме, но вредеше да се чека за она што го направи Лео Меси вечерва.

– Видовме неверојатна брзина, сила, баланс и техника за топката да заврши таму каде што заврши. Ова беше феноменален погодок, Меси и Роналдо го одведоа фудбалот на повисоко ниво, а реакцијата на Лео покажува колку му значи овој погодок, – изјавил поранешниот дефанзивец.

– Тактички, планот на ПСЖ беше перфектен. ПСЖ се бранеше со осум фудбалери, а тројца стоеја подалеку. Со Меси, Нејмар и Мбапе во тимот, можеш да победиш на секој натпревар, – изјавил Овен Харгрејвс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни