Поврзете се со нас

Формула 1

Расел откри уште еден проблем со болидите на Мерцедес: Никогаш не сум трпел вакви болки

Објавено

на

Џорџ Расел сезонава настапува за актуелниот Формула 1 шампион Мерцедес, но неговиот тим барем засега има многу проблеми да им парира на ривалите.

Расел и Луис Хамилтон се далеку од конкурентни за титулата, а покрај слабите перформанси на болидот, се соочуваат и со друг, здравствен проблем.

Помладиот Британец им открил на медиумите дека потскокнувањето на болидите му создава големи болки во телото.

– Потскокнувањето те остава без воздух, во Имола беше најекстремно од тоа што сум доживеал.

– Ова беше прв викенд во кој имав сериозни болки во грбот, но и болки во градите поради честите потскокнувања, но тоа е она мора што да го правиме за да извлечеме побрзи кругови, – изјавил Расел.

Потскокнувањето не е проблем само на Мерцедес, па сите тимови се обидуваат да го намалат во текот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни