Поврзете се со нас

Свет

Рајковиќ и ЦСКА останаа без финале во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.facebook.com/cskabasket

ЦСКА Москва чиј тренер е Емил Рајковиќ остана без можност да се бори за титулата во ВТБ лигата и не ја исполни фаворитската улога во серијата со Локомотив Кубан.

Локомотив денеска победи во мајсторката со 103:100, а за овој голем успех мораше да игра и продолжение, кое дојде по добрата завршница на гостинската екипа.

Избраниците на македонскиот стручњак имаа плус осум на полувреме, а и по крајот на третиот период, но тоа не беше доволно да се неутрализира опасниот противник кој на крајот го комплетираше изненадувањето во полуфиналето.

Швед со 22 поени бил најефикасен во редовите на ЦСКА, додека Вајт со 21 поен бил најефикасен кај Локомотив.

Мајсторка ќе се игра и во втората полуфинална серија во која, Уникс на нашиот Нено Димитријевиќ се соочува со Зенит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни