Поврзете се со нас

Свет

ПСЖ издвојува убедливо најголема сума за плати меѓу европските клубови

Објавено

на

foto: https://twitter.com/PSG_English

Францускиот клуб ПСЖ издвојува неверојатно голема сума за плати за своите фудбалери на годишно ниво, а во Топ 10 има место само за по еден претставник на Германија и Италија.

„Газета дело Спорт“ објави ранкинг на европските клубови кои издвојуваат најмногу пари за платите на своите фудбалери, а ПСЖ е на врвот со 729 милиони евра.

Далеку зад парискиот клуб, на второто место, е Реал Мадрид со 519 милиони, додека на третата позиција е Барселона со 457 милиони.

Во Топ 10 следуваат Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, Баерн Минхен, Јувентус и Арсенал, кој е последен во ова друштво со 251 милион евра издвоени за плата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни