Поврзете се со нас

Македонија

Пролет прокоцка „плус пет“ во второто полувреме: Пелистер со драматичен пресврт до нова победа

Објавено

на

Еурофарм Пелистер се извади од навистина незгодна ситуација денеска во македонската Суперлига и се спаси од прв пораз во новата сезона, бидејќи тимот на Пролет навистина пропушти неверојатна шанса да слави над големиот фаворит.

Битолчани тешко се снаоѓаа на гостувањето кај Пролет и во второто полувреме имаа негатива од пет гола (21:16), но кога беше најважно го засилија темпото, а внесоа и нервоза во играта на домаќинот кој од тој момент постигна само два погодоци.

Завршната серија на Еурофарм Пелистер му донесе тесна победа од 23:24, која на крајот ги остави комплетно без сили домашните ракометари кои навистина има за што да жалат.

Урбан Лесјак со своите 12 интервенции на крајот изгледаше како непробивлив ѕид за ракометарите на Пролет, кои постигнаа само два гола во финишот, а му дозволија на Пелистер да постигна дури осум.

Наспроти одбраните на Лесјак, на другиот дел од теренот извонреден беше Хосни со шест гола, Костески постигна четири гола, додека кај Пролет Аларов постигна пет, а Палески четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни